Британија потврди дека ја снабдува Украина со проектили со долг дострел

by Fokus

Обединетото Кралство потврди дека ја снабдува Украина со проектили со долг дострел што оваа земја ги побара за нејзината борба против инвазијата на руските сили, објави Би-би-си.

Според производителот, крстосувачката ракета Storm Shadow има дострел од над 250 километри (155 милји). Ракетите Химарс што ги испорачува САД што ги користи Украина имаат дострел само од околу 80 километри (50 милји).

Оружјето ќе и даде на Украина „најдобри шанси“ да се одбрани, рече британскиот секретар за одбрана Бен Валас.

Тие се отпуштаат од авиони, така што поголемиот дострел значи дека украинските пилоти ќе можат да останат подалеку од првите борбени линии.

Соопштението беше објавено во Долниот дом од Валас. Одлуката доаѓа по повеќекратните молби од Украина за повеќе оружје од Западот.

Британскиот секретар за одбрана Валас рече дека ракетите „ќе и дозволат на Украина да ги потисне руските сили базирани на украинска суверена територија“.

Според него Обединетото Кралство ја донело одлуката откако Русија продолжила со гаѓање на цивилната инфраструктура во Украина.

Валас лани во декември му пиша на својот руски колега Сергеј Шојгу, за да предупреди дека понатамошни напади може да резултираат со донирање на поспособно оружје од Обединетото кралство.

Тој рече дека ракетите влегуваат во или веќе се во украински раце и го опиша потегот како „калибриран и пропорционален на ескалациите на Русија“.

„Ништо од ова немаше да биде потребно доколку Русија не ја нападнеше. Ракетите ќе бидат компатибилни со постоечките авиони на Украина од советската ера“, рече Валас и ги пофали техничарите и научниците кои го овозможиле тоа.

Тој предупреди дека опсегот на „Storm Shadows“ испорачуван од Британија „не е во иста лига“ со руските ракетни системи,  со тоа што некои од оружјата на Москва можат да патуваат многу подалеку.

Претходно оваа година, украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников инсистираше на тоа дека ракетите со поголем дострел нема да се користат за напади врз цели во самата Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва ќе преземе „соодветен“ воен одговор на секое оружје

Ракетата „Storm Shadow“ е управувана од британските и француските воздухопловни сили и претходно била користена во Заливот, Ирак и Либија.  Ракетите испорачани од Британија може да се истрелаат само со авиони, но француските проектили може да се истрелаат од бродови и подморници.

Поврзани новости