742
Граѓаните и посетителите на Брисел нема да можат да пијат алкохол во центарот на главниот град на Белгија во периодот од 1 февруари до 1 август наредната година.
Забраната нема да се однесува на терасите на кафулината и настаните на отворено.
Мерката е временски ограничена и ќе биде укината шест месеци по стапување во сила. По тој период ќе биде извршена проценка на ефектите од забраната на конзимирање алкохол во центарот на Брисел.
За прекршок на забраната е предвидена казна од 350 евра.
Брисел не е првиот град кој воведува таква забрана. Во Мадрид, Даблин и Рим се поголеми казните за пиење алкохол на отворено, додека во Берлин, Копенхаген и Лисабон се уште не се практикуваат такви мерки.