Азар две седмици во „аут“

by fokus 16:53
16:53

Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар нема сериозна повреда на глуждот на десната нога и би требало да биде подготвен за натпреварот со Барселона.

По денешните прегледи, соопштено е дека Азар нема тешка повреда и ќе може да игра за околу две недели.

- Advertising -

Азар се повреди синоќа во натпреварот со Пари Сен Жермен во петтото коло од Лигата на шампиони.

Реал Мадрид во моментот е второпласиран во Ла Лига со ист број бодови како и првопласираната Барселона.

„Кралскиот клуб“ на 18 декември, треба да гостува кај Барселона во големото дерби на шпанскиот фудбал што првично беше закажано за 26 октомври, но по немирите во Барселона беше откажано.

Поврзани новости