Брисел ќе помага опозицијата да се врати во Собранието?

by Фокус

По искуството со европското посредништвото во расчистувањето на „црниот понеделник“, неофицијално, Брисел повторно помага во враќањето на дијалогот и на опозицијата во парламентот, пренесува Дојче Веле.

Повикувајќи се на дипломатски извори, Петер Ванхоуте, белгискиот експерт кој на предлог на ЕУ учествуваше како медијатор во ад-хок Комисијата за расветлување на настаните од Собранието на 24 декември 2012 година, повторно е ангажиран во Скопје. Според истите извори, целта е да се воспостави дијалог и да се надминат пречките за враќање на опозицијата во Собранието. Засега, според Дојче Веле немало директни разговори Заев – Груевски, туку само одвоени средби на партиските лидери со европскиот посредник.

Инаку, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ја одложи седницата на која требаше да се констатираат оставките од опозицијата.

„Длабоко свесни за интересите на државата, одлучив да оставам простор за натамошен развој на настаните“, рече Вељаноски.

Поврзани новости