УЈП со опомена за 100.000 граѓани што не платиле радиодифузна такса

by Фокус

Поради неплатен долг за радиодифузна такса, Управата за јавни приходи отпочна со подготовка и дистрибуција на опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање, информираше денеска УЈП:

„За 31.660 фирми (правни лица и вршители на дејност) доставени се опомени поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари или околу 600.000 евра Од следната седмица ќе отпочне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани. Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, Управата за јавни приходи ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот. Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови. Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати“, се вели во соопштението на Управата.

 

Поврзани новости