369
„Брима Галуп“ спроведе анкета за предвремените парламентарни избори, нарачана од неделникот „Републикa”. Според неа, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,8 проценти, а за СДСМ 16,7 проценти од граѓаните.
Според одговорите на 1006 испитаници, од партиските лидери Никола Груевски ужива поголема поддршка од Зоран Заев. За Груевски се одлучиле 20,8 отсто од анкетираните, по него е Заев со 11 отсто од гласовите, Али Ахмети има 5,6 отсто доверба, а Мендух Тачи – 2,8 отсто.
Сепак, на анкетата дури 42,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека немаат доверба во ниту еден политичар.
СДСМ анкетата ја оцени како некредибилна, бидејќи како што велат, е направена по нарачка на медиум на власта.