Братислав Димитров ја спасува државата, ама и синот со работа?

by lali 14:44
14:44

Димитар Димитров, син на режисерот Братислав Димитров бил вработен во Македонскиот народен театар (МНТ), непосредно откако неговиот татко со други јавни личности го формираа таканареченото „Граѓанско движење за одбрана на Македонија“.

Ова граѓанско движење беше формирано на петти февруари годинава, по избувнувањето на скандалот со прислушувањето од страна на СДСМ, а неговата цел е да го брани македонскиот идентитет и државата од странските служби кои наводно прислушуваат.

- Advertising -

Само еден ден пред формирањето на здружението каде што Братислав Димитров беше еден од иницијаторите, МНТ распишува конкурс за вработување на веб-дизајнер на неопределено работно време и плата од 22 илјади денари. Конкурсот траел пет работни дена. Случајно или не, работното место го добива синот на Димитров, Димитар.

10313035_10152621890336583_2917464656827828756_n

Во изјава за „Фокус“ Димитров тврди дека вработувањето на неговиот син во МНТ нема никаква поврзаност со тоа што тој во исто време излезе да ја брани државата од атакот на странските служби.

„Детето без работа дома седеше, а ги има сите потребни квалификации. Јас сум вработувал стотици луѓе во сите градови, во сите театри, па сега вие правите проблем што син ми се вработил?! Има искуство, ги има потребните квалификации, си имаше конкурс и се пријави“, ни изјави Димитров.

bratislav

Уметничкиот директор на МНТ, Дејан Пројковски, ни изјави дека на конкурсот се јавиле двајца кандидати од кои едниот не ги исполнувал сите услови, па така работното место го добил синот на Братислав Димитров.

„Едниот од кандидатите ги немаше сите потребни сертификати па така беше примен другиот кандидат“, кратко одговори Пројковски.

Она што ни падна в очи е дека веднаш по нашиот разговор со Пројковски, ни се јави Братислав Димитров со прашањето: „Ви се јави Пројковски, ви објасни дека имало само двајца кандидати?“.

Вработените во театарот се прашувале зошто е вработен таков профил, и ако тоа е важно за МНТ тогаш зошто се чекало до сега? Затоа и се сомневаат дека работното место е отворено токму за синот на Бато.

Димитров со останатите иницијатори од „Граѓанско движење за одбрана на Македонија“ во последниов месец патуваат низ државата и собираат потписи за одбрана од оние кои си играат со безбедноста и интересита на Македонија.

Во меѓувреме, синот на Димитров, веќе почнал да работи како веб-дизајнер во Македонскиот народен театар.

 

 

Поврзани новости