Груевски: Не е важна само содржината, туку и изворот на разговорите

by Фокус

Тезите на опозоцискиот лидер Зоран Заев дека не е битно кој го вршел прислушувањето, туку дека важна е само содржината на разговорите, се искривени и смешни, оцени премиерот Никола Груевски.

– Не може да не е важно кој направил упад во државниот систем, дека била организирана агентурна мрежа, оти била вмешана странска разузнавачка служба, дека Заев на некој начин, како што рече, е инструмент на таа разузнавачка служба која потплатувала свои соработници во Македонија, од кои дел го признале делото дека биле потплатувани, работеле по нивен налог и добивале и спроведувале нарачки од таа страна – истакна Груевски.

Според него, со објавувањето на прислушуваните разговори, чија содржина ќе ја коментира доколку се докаже нивната автентичнист во судска постапка, се нарушува приватноста на луѓето.

Поврзани новости