394
Брат ја силувал сопствената сестра во едно скопско село, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера година во 13:30 часот во полициска станица 26-годишната П.Н. од едно село во скопско, пријавила дека околу пладне на 16.10.2017 година, додека била сама во куќата, одзади и пришол нејзиниот брат Р.Н. (27), со рака и ја затворил устата, ја соблекол и ја силувал. После тоа и се заканил дека ќе ја убие ако каже на некого.
Во вечерните часови настанало расправија помеѓу пријавителката, брат и и нивната мајка. По расправијата брат и физички ја нападнал, а потоа земал нож и и нанел расекотина на прстите од раката.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.