Бранимир Јовановиќ: Анѓушев не се појави на дебата, му се извинувам ако му предизвикав душевна болка

by fokus 21:17
21:17

Поранешниот советник на поранешниот министер за финасии, Бранимир Јовановиќ вечерва е гостин на дебатата на ТВ 24, каде требаше да гостува и министерот за економија, Кочо Анѓушев.

-Ете, Кочо Анѓушев не се појави на дебатата и ја лиши јавноста од одговори на одредени интересни прашања… Ќе кажев дека ова наликува на она кога Груевски бегаше од дебати, ама може па има оправдани причини, може му се појавило некое големо чувство на вознемиреност или страв. Му се извинувам јавно ако му предизвикав душевна болка и се надевам брзо ќе се опорави, објави Јовановиќ на Фејсбук.

- Advertisements -

Инаку, Анѓушев прво ја прифатил поканата за гостување, но потоа известил дека нема да дојде поради зафатеност.

Поврзани новости