Фрчкоска: Јанева има право на тужба и соодветен надомест ако била незаконски разрешена

by fokus 21:41
21:41

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во интервју за ТВ 21 вели дека Јанева има право да поднесе тужба на одлуката за нејзино разрешување, а дали тоа ќе го направи ќе одлучат откако ќе ја примат одлуката за разрешување.

-Законот и дозволува на Јанева да поднесе тужба за разгледување на одлуката за разрешување и да бара соодветен надомест доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин. Но, прво треба да ја примиме одлуката, па ќе видиме како ќе постапиме. Ние сме во фаза на припремења на барањето за укинување на мерката притвор. Најдоцна до утре ќе го пуштиме барањето, ќе бараме да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае, вели Фрчкоска.

- Advertisements -

Поврзани новости