Браќа распалиле скара и запалиле шума во беровско

by fokus

Двајца браќа предизвикале пожар во букова шума кај местото викано „Сливница“, во атарот на беровското село Русиново, откако запалиле скара. Според полицијата во пожарот изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

„На 17.03.2019 во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“ настанал пожар во кој била зафатена букова шума. По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал да се шири. Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости