Дедо изгоре во пожар што го предизвикал со палење на трева во нива

by fokus

82-годишниот Б.П. од кочанското село Оризари, почина вчера попладне во пожар на неговата нива. Според полицијата пожарот го предизвикал самиот тој палејќи ја тревата на нивата во обид да ја уништи.

„На 17.03.2019 во 15.30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството“, соопшти полицијата.

Поврзани новости