Боцевски замина за Бразил

by fokus

Амбасадорот на Република Македонија во Федеративната Република Бразил Ивица Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма на Сержио Франса Данезе, генералниот секретар на бразилското Министерство за надворешни работи.

-Во разговорот по церемонијата на предавањето на копиите од акредитивите генералниот секретар Данесе истакна дека Бразил високо го цени отворањето на македонската амбасада во Бразилија, кое што воедно е и прво македонско дипломатско претставништво во Јужна Америка. Амбасадорот Боцевски искажа дека претставува висока чест и задоволство да ја претставува Македонија во Бразил, како и дека ќе настојува да ги продлабочи пријателските односи помеѓу двете земји во сите сфери, а посебно ги истакна потенцијалите за проширување на взаемната економска соработка, информираше македонското Министерство за надворешни работи.

 

Поврзани новости