Боцевски ги искара Заев, Шилегов и Јакимовски

by Fokus

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски, во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 упати сериозни критики кон премиерот Зоран Заев, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и новиот градоначалник на Каропш, Стевче Јакимовски.

Според него, нивните потези и кампањи делувале лошо во очите на јавноста и поради тоа е големата загуба на гласовите.

„Потегот на Заев во Аеродром го чинеше многу гласови. Тоа не поминува ни во Муртино. Во кампањата на Шилегов имаше препотентност која што не личи и беше казнета. Претпоставувам ќе си ги увиди грешките. Што се однесува до прославата на Стевче Јакимовски, таа беше недолична и тој треба да се извини“, рече Јакимовски.

Поврзани новости