809
Собраниската комисија за надворешна политика закажа седница за утре за во 10 часот. На дневниот ред на оваа седница ќе се претстават платформите за дипломатски активности на тројца новоименувани амбасадори во Бразил, Бугарија и Турција.
За нов македонски амбасадор во Бразил е именуван Ивица Боцевски, кој досега беше посебен советник на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Марјан Ѓорѓев пак, е именуван за нов амбасадор на Македонија во Република Бугарија. Во Турција како амбасадор ќе замине Ѕвонко Муцински.