По иницијалната средба во Нови Сад меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, денеска се оддржа вториот состанок на регионалната иницијатива во Охрид, на која присуствуваа и официјални лица од Босна и Херцеговина и Црна Гора, кои, како што најавија, допрва ќе го изградат нивниот став за „мал шенген“.
– Имајќи во предвид дека БиХ не учествуваше во подготвување на оваа иницијатива, ги упатив моите колеги дека немаме дефинитвен став за оваа иницијатива. Потребно е БиХ да биде запознаена со оваа иницијатива, моделите врз чија база ќе се отстрануваат цариниските бариери. Според тоа, БиХ својот конечен став ќе го донесе во согласност со нашите процедури и по анализа на сите – рече претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ
Слично мислење изнесе и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, која рече: „Црна Гора е земја која е најблиску до целта за пристапување на ЕУ од сите земји во регионот. Ние сме една од земји потписнички на ЦЕФТА. Секоја иницијатива мора да се види од аспект дали дава придобивки за граѓаните, а и дека се забрзува нашиот пат кон ЕУ…“.