536
Откако фоторепортерите кои се на лидерската средба во Клубот на пратениците јавија дека не им било дозволено да ги сликаат лидерите како пристигнуваат, на Фејсбук се јави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-Над 20 сниматели, 10 фоторепортери и над 30 новинари се присутни на лидерската средба и работат непречено има и 1 студент по новинарство кој е на пракса во медиум без никаква легитимација тука е и си работи…., напиша Бошњаковски.
Тој не го прокоментира дофрлувањето на советникот на премиерот, Марјан Забрчанец кон фоторепортерите кои се побунија: 11 години ве газеа и ќутевте, сега најдовте да зборите“.