Мицкоски ја напушти средбата зашто не биле поканети сите партии и побара нова средба само со четирите партии

by fokus 20:10
20:10

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по еден час ја напушти лидерската средба која ја свика премиерот Зоран Заев. Мицкоски рече дека тој го изразил револтот зошто на средбата не се поканети сите парламентарни партии, туку само оние кои имаат по најмалце двајца пратеници и затоа ја напуштил средбата.

Тој му постави барање на Заев пред понеделник да свика нова лидерска средба само со четирите најголеми партии во Македонија, иако денеска ја напушти средбата поради тоа што не беа поканети сите парламентарни партии.

- Advertisements -

-Ние бевме дел од таканаречената лидерска средба. Навистина не беше јасен концептот зошто сите парламентарни партии не се  поканети и изразивме револт и ја напуштивме средбата. Му го кажаваме барањето на Заев пред понеделик да свика лидерска средба со партиската четворка за сите сегменти кои треба да се утврдат пред да се формира новиот состав на ДИК, рече Мицкоски откако ја напушти средбата со неговата придружба, Тања Каракамишева.

Поврзани новости