Бошкоски: Во затворот ме присилуваа да пијам седативи над нормалните дози

by fokus 21:50
21:50

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека додека бил во истражниот затвор на некој начин го дрогирале со седативи, односно го присилувале да пие таблети за смирување.

-Најмонструозното е присилувањето да конзумирам таблети за смирување, во присуство на затворските службениците. Морав пред нив да ги пијам таблети од кои се созадава зависност. Ми даваа седативи кои ги надминуваат нормалните дози. Во целиот процес бев само физички присутен, ако ме видите на снимките од процесот таму е некој друг Љубе, рече Бошкоски.

- Advertisements -

Поврзани новости