723
Љубе Бошкоски попладнево застана во одбрана на Зоран Заев откако беше објавена аудио снимка во која тој со нессодветен речник зборува за коалиционите партнери.
-ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев. Груевски и Мијалков газеа врз моето достоинство, не Заев. Јас сум во коалиција со Заев и три години влакно не ми фали. Заев е човек со историска демократска големина во себе, затоа што иако на политичката оска сме различни, тој докажа дека правдата и македонскиот патриотизам се над политичката идеологија. Време за довршување на демократизацијата на земјата, за да може да имаме чиста, европска борба на идеи и идеологии, вели Бошкоски.