Босанскиот амбасадор во Катар Скака уапсен за злоупотреба на службата додека беше градоначалник на Сараево

by Fokus

Поранешниот градоначалник на Сараево и актуелен амбасадор на Босна и Херцеговина во Катар Абдула Скака дененес е уапсен.

Министерството за внатрешни работи на БИХ го уапси Скака под сомнение дека ја злоупотребил својата положба додека бил градоначалник на Сараево, од 2016 до 2020 година.

Во текот на денот, службеници на МВР на кантонот Сараево, под надзор на Кантоналното обвинителство, извршија претрес на повеќе локации во општините Стари Град, Центар и Вогошќа.

Скака е уапсен во акцијата која се спроведува на подрачјето на повеќе општини во главниот град на БИХ под  сомнение за сторени повеќе кривични дела: злоупотреба на положбата, несовесно работење во доставување, фалсификување службени исправи, и поткуп.

Полицијата денеска приведе неколку лица во Сараево. Врз основа на извештаите во изминатите неколку години, Кантоналното обвинителство во Сараево отвори неколку случаи против Скака.

Како што пренесе Бета,

Неговото име се поврзува со бројни скандали и сомнежи за наместени тендери за време на организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (European Youth Olympic Festival EYOF), инсталирање на јавно осветлување во близина на неговата викендичка во Трново, незаконски вработувања, проект за набавка на ревијален автомобил Формула Е, пренесе новинската агенција „Бета“.

Во извештајот поднесен во април лани од актуелниот градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, за работата на претходната градска управа на чело со Абдула Скака, според инспекторот, утврдени се незаконитости и криминални дејствија на претходната градска управа.

 

Поврзани новости