Борисов смета дека Софија лошо преговара со Скопје

by Фокус

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов смета дека начинот на кој техничката Влада на Бугарија и претседателот Румен Радев сега преговараат со Северна Македонија може да доведе до лош исход за Софија или, како што вели, ќе предизвика „народите да се мразат меѓусебе со децении“.

-Досега, мислам дека лажат, но да почекаме до Европскиот совет кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни. Пред тоа е Самитот на НАТО. Се надевам дека имаат храброст и вештини да ги водат преговорите што ќе ги направат двата народа на овие две соседни земји најпријателски – рекол Борисов на средба со претставници на подмладокот не неговата ГЕРБ.

Тој посочил дека Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е основата за бугарско-македонските односи и притоа истакнал дека разговара со премиерот Зоран Заев.

Поврзани новости