Холандија со гол во финишот ја победи Украина

by Фокус

Холандија славeше победа над Украина со 3-2 во првото коло од Ц групата на Европското првенство. Вајналдум и Вегхорст на почетокот на вториот дел се погрижија за удобна предноста за „лалињата“ од 2-0.

Сепак избраниците на селекторот Андриј Шевченко со головите на Јармоленко и погодокот со глава на Јаремчук израмнија на 2-2.

Сепак Холандија стигна до победата благодарение на погодокот на Дамфрис. Во четврток Македонија игра со Украина, а Холандија ќе ја пречека Австрија.

Поврзани новости