405
Се надевам дека сите земји, во еден момент, ќе потпишат такви договори за пријателство, а не да водат војна, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов откако во македонскиот Парламент беше ратификуван Договорот за добрососедство.
И министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева го коменитраше ратификувањето и рече дека на Балканот сме покажале оти кога сме добронамерни и гледаме кон иднината, може да ги решиме проблемите кои се трупале со години.
Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија беше потпишан во Софија во август минатата година.