Малолетник прегази жена во Крива Паланка

by fokus

Малолетник денеска прегазил 44-годишна жена во Крива Паланка, која што починала на лице место.

Несреќата се случила денеска околу 14.30 часот, кога малолетникот Д.Н. со возило „ауди А3“, движејќи се од центарот на Крива Паланка кон периферијата удрил во жената И.Н. родена во 1973 година.

Жената била тешко повредена, по што со возило на итната медицинска помош била пренесена во здравствениот дом во Крива Паланка, каде што бил извршен обид за реанимација, но неуспешен, по што лекарите констатирале смрт.

Поврзани новости