Борел закажа нов датум за дијалогот меѓу Белград и Приштина

by Fokus

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жузеп Борел денес изјави дека на 14 септември во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина.

На прес-конференцијата по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Толедо, тој рече дека средбата ќе биде уште еден обид за разрешување на ситуацијата.

Борел рече и дека една од темите на денешниот состанок е проширувањето на Европската унија, како и дека шпанското претседателство со ЕУ предложило следниот месец да се одржи министерски состанок за земјите од Западен Балкан, а министрите се согласија дека тоа треба да се случи.

Според него, на средбата се разговарало за бројни теми, а главни се состојбите во Украина и Нигер.

Поврзани новости