Борел: Израел предизвикува глад во Газа

by Fokus

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека Израел предизвикува глад во Газа.

„Во Газа веќе не сме на работ на глад, но сме во состојба на глад што погодува илјадници луѓе“, рече Борел на отворањето на конференцијата за хуманитарна помош за Газа во Брисел, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека е неприфатливо да се користи гладот ​​како оружје за војна.

Поврзани новости