Борел до Македонија и Западен Балкан: Не e фер да се каже дека глумиме дека ве сакаме

by Fokus

Шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел, рече дека ЕУ вложува многу пари во Западен Балкан и дека не е фер да се каже дека Брисел само глуми дека ги сака земјите од регионот да бидат примени како членки.

-Ние сакаме да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да се приближат до нас, да влезат во системот на ЕУ. Не е точно дека само се преправаме дека сакаме земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ, рече тој.

Претставникот за надворешна политика и безбедност смета дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е процес кој се одвива „чекор по чекор“.

-Ќе започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Повторно започнавме преговори меѓу Србија и Косово со специјален пратеник (Мирослав Лајчак) и мислам дека го поставивме тој дијалог на пат, вели Борел.

Тој исто така веднаш додаде: „Тие земји имаат иднина во ЕУ, но тие земји мораат да ги завршат своите домашни задачи: да спроведат реформи, да ги исполнат стандардите што се однесуваат на сите членки“.

-Но, ние продолжуваме со процесот на проширување, чекор по чекор. Безвизниот режим е реалност, можеби не за сите земји од Западен Балкан. Ние го насочивме дијалогот меѓу Белград и Приштина на вистинскиот пат. ЕУ му помага на Балканот многу повеќе од другите, но можеби не сме добри во пропагандата „Девет милијарди евра е нашиот економски план за Западен Балкан, нагласи Борел.

Тој вели дека европскиот блок инвестира многу повеќе пари од Кина, Русија и Турција на Балканот, но дека можеби ќе треба подобро да објаснат што и зошто тоа го прават.

-Ние помагаме, но бараме реформи, а другите не бараат. Реформите што ги бараме не се мода, туку им се потребни на тие земји и на нивните луѓе, како што е искоренување на корупцијата. Штета е ако некои луѓе мислам дека само се преправаме. Не е фер, оцени тој.

Поврзани новости