Казни за 122 возачи во Скопје, 26 за брзо возење

by Fokus

Вкупно 122 возачи се казнети во текот навчерашниот ден на територијата на град Скопје, од кои 26 за непочитување на брзина на движење.

МВР денеска соопшти дека од вкупниот број изречени санкции пет се за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, седум санкции за користење на мобилен телефон, додека пет за непочитување на првенство на минување и 44 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли наведуваат во соопштението од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости