„Бомбите“ на Ел Чека не се запрени, се објавуваат на веб портал

by fokus

Профилот Ел Чека на социјалната мрежа фејсбук веќе неколку дена не постои, односно е избришан, но со тоа не запре и објавувањето на нови „бомби“. Тие продолжија да протекуваат во јавноста, бидејќи се објавуваат на веб портал.

На сајтот досега се објавени десетина бомби, кои главно се однесуваат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Бомбите“ се објавуваат со појаснување дека се обезбедени од дел од осудените во „Диво Насеље“ како Сами Укшини (Соколи), Вал Зека, Шек Халаќи и Ел Чека.

По објавувањето на „бомбите“ се создаде дилема за тоа дали тие смеат да се споделуваат во јавноста, бидејќи во октомври 2015 година беше донесен Закон за заштита на приватноста. Во член 1 став 3 изречито се забранува нивно објавување.

“Со законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички или други цели и постапки.“

Подолу во Законот пак се предвидени и казни и тоа до една година затвор, напоменувајќи дека тоа важи за објавување на приватни разговори, а не важи за разговор кои се од јавен интерес.

В.В.

Поврзани новости