Студентски пленум: Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен!

by Фокус

Студентскиот пленум вечерва на својата фан страница на Фејсбук соопшти дека аргументите на соборниците од пленумот го убедиле премиерот во апсурдноста на сопствениот закон.

Од пленумот информираат дека законската процедура за да се укине законот прво треба да се одложи, а потоа и да се изгласа тоа во собрание и после да се донесе нов закон за високо образование.

-Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во неговото креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв… Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот, се вели понатаму во соопштението на Студентскиот пленум.

Од пленумот потенцираат дека ќе останат будни, поради досегашната транспарентност.

-Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен, се вели за крај во соопштението на Студентскиот пленум.

Инаку, денеска попладне, премиерто ги повика на вонредна средба Студентскиот и Професорскиот пленум, како и ректорот на Универзитето „Св. Кирил и Методиј“.

Поврзани новости