277
Најмалку едно лице загина, а шест се повредени при експлозија на бомба во пекара во Пакистан, соопшти денеска полицијата. Нападот се случил во пакистанската југозападна провинција Балуџистан.
Полицискиот службеник Касим Шах рече дека „антидржавни елементи“ оставиле експлозивна направа под шалтер и таа била активирана од далечина.
Сè уште никој не ја презел одговорноста за нападот, но такви напади во минатото биле извршени од членови на сепаратистичката група Балуџи.
Белуџистан долго време е место на бунт на Ослободителната војска на Балуџистан и други мали сепаратистички групи кои бараат независност од централната влада во Исламабад. Иако Пакистан тврди дека го задушил бунтот, насилството во провинцијата продолжи.