396
Непознат маж денеска во 12:30 часот со бомба се разнел во една слаткарница во центарот на Белград, пренесуваат српските медиуми. Српските медиумите пишуваат дека самоубиецот влегол во слаткарницата „Петковиќ“, ги истерал гостите надвор и на вработените во слаткарницата им ја покажал бомбата што ја носел во својот ранец. Откако сите излегле надвор, тој ја активирал бомбата и се разнел.
Слаткарницата „Петковиќ“ е во сопственост на поранешниот министер за култура Братислав Петковиќ. Тој за неколку медиуми изјавил дека не верува дека настанот му е наменет на него лично.