Дескоска: Зошто не се разгледуваат извештаите на Зврлевски?

by Фокус

-Пред исти законски обврски, Катица Јанева и Марко Зврлевски треба да доставуваат извештај во Собранието. Ѓорчев денеска закажа седница за извештајот на Специјалното јавно обвинителство кој е поднесен на 15 март оваа година, а нема закажано седница за извештајот на Зврлевски кој е поднесен на 23 јуни минатата година, реагираше денеска заменик-претседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ, Рената Дескоска.

Таа вели дека иако побрале процедурално збор, претседателот на комисијата ја презакажал седницата за утре, без претходно да им даде збор на пратениците од опозицијата. Тоа според Дескоска е потврда за стравот на Никола Груевски да се соочи со одговорноста на криминалите кои ги има во проектот „Вистината за Македонија“ .

-Од моментот на формирањето на Специјалното јавно обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ прави се работата на оваа нова независна институција да биде во целост опструирана и оневозможена со цел да избега од одговорноста. Очигледно е дека најавата за први обвиненија содржана во извештајот создава паника во редовите на ДПМНЕ и токму денешното поведение на претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Влатко Ѓорчев е доказ за тоа, изјави Дескоска.

Поврзани новости