Романската обвинителка Ковеси утре во Скопје

by Фокус

Лаура Кодурта Ковеси, главната обвинителка на Романија од Националниот директорат за антикорупција, утре во Скопје ќе учествува на  конференција на која ќе се зборува за „ефективна борба против корупцијата на високо ниво, прашање на личности или на систем“. На конферецијата поканети се и Специјалната обвинителка Катица Јанева, како и Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Романската обвинителка ќе зборува за своето искуство во борбата со корупцијата во Романија. Таа само во 2015 година поднесе 1.250 обвиненија на средно и високо ниво, во кои за корупција се товарат функционери од највисок ранг во Романија.

Според агендата, светски познатата романска обвинителка ќе има средба со специјалната обвинителка Катица Јанева и со јавниот обвинител Марко Зврлевски. На конференцијата ќе присуствува и американскиот амбасадор Џес Бејли и министерот за правда Аднан Јашари.

Поврзани новости