Бомба пронајдена во Зоолошката градина во Скопје

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден додека се вршелo ископ на земја во кругот на Зоолошката градина во Скопје, била пронајдена експлозивна направа. Известена била Единицата за антитероризам, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка, информира МВР.

Информацијата ја потврди и директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Според него бомбата ја откриле вработените додека ја средувале градината, посочувајќи дека во моментот Зоолошката градина е затворена за посетители. Тие веднаш пријавиле до надлежните институции.

Поврзани новости