Бомба од Втора светска војна во подрумот на ОУ „Блаже Конески“, учениците на безбедно

by Фокус

По информацијата дека има бомба во ОУ “Блаже Конески“ , во скопски Аеродром, по што учениците веднаш биле евакуирани, дознаваме дека во подрумските простории на училиштето била пронајдена бомба од Втората светска војна.

Бомбата, како што дознаваме, била откриена при генерално чистење во подрумските простории. Засега се знае дека децата се на безбедно и се очекува бомбата наскоро да биде однесена на безбедна локација, каде ќе биде уништена. Од полицијата го потврдија настанот, а детали најавија за подоцна.

 

Поврзани новости