Дојава за бомба во ОУ „Блаже Конески“, учениците ги испратиле дома

by Фокус

Во ОУ „Блаже Конески, во скопската населба Аеродром, пред малку имало дојава за бомба, поради што учениците веднаш ги напуштиле училниците, а како што не информираат дел од загрижените родители, на децата им било кажано да си одат дома и дека втора смена нема да има.

Според информации на „Фокус“, околу училиштето врие од полиција, а од СВР Скопје ни одговорија да се јавиме подоцна, бидејќи и тие ја проверуваат информацијата.

Поврзани новости