505
Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување успеале вчера од водите на Охридско езеро да извлечат неексплодирана бомба од Втората светска војна, соопштија од МВР.
„На 29.03.2023 година околу 12.00 часот, од водите на Охридското езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна. Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување“, информираа од МВР.