Болниците во Сирија едвај постигнуваат да ги примат повредените во земјотресот

by fokus

Сириско-американското медицинско друштво (САМС) соопшти дека неговите болници во Сирија „се преполни со пациенти“ по силниот земјотрес што  се случи рано утринава.

-Постои итна потреба од средства за траума и сеопфатен одговор за итни случаи.
Многу болници се полни, но некои критични установи, вклучително и болницата Ал Дана, мораа да ги евакуираат пациентите откако претрпеа сериозна штета од земјотресот, се вели во соопштението на организацијата за помош.

Претседателот на САМС, д-р Амјад Рас рече дека организацијата прима жртви и работи на гарантирање на благосостојбата на повеќе од 1.700 вработени во Сирија и 90 во Газиантеп, Турција.

Бројот на загинати ширум Турција и Сирија изнесува повеќе од 300, а пријавени се речиси 2.000 повредени по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција.

Поврзани новости