18 афтершок земјотреси по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија

by fokus

Најмалку 18 последователни потреси со јачина над 4 се регистрирани по силниот земјотрес што ја погоди јужна Турција рано во понеделникот, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS).

USGS соопшти дека регистрирал седум земјотреси со јачина над 5 степени.

Најсилниот последователен потрес досега е регистриран само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS.

Експертите велат дека силните последователни потреси најверојатно ќе продолжат во следните часови, па дури и денови по земјотресот толку силен како оној што Турција го доживеа во понеделникот наутро.

Поврзани новости