Едно лице загина во сообраќајка кај Штип

by fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утринава на автопатот Штип – Миладиновци во близина на на населбата Три Чешми.

Според првичните информации, во сообраќајката е загинато едно лице.

Во моментов на местото на несреќата се екипи на Итна медицинска помош, Противпожарната единица и Полиција, по што ќе се изврши и увид за причините на несреќата.

АМСМ известија дека сообраќајот на автопатот Штип – Миладиновци е во прекин.

Поврзани новости