611
Десетина здруженија на дијабетичари денеска одржаа прес конференција на која побараа да престанат притисоците врз лекарите да препишуваат неквалитетен инсулин со цел да се заштеди и да се набават доволно игли и глукомери.
-Доколку овие барања не се исполнат ние сме спремни да кампуваме пред Министерството за здравство, рече Цвете Серафимовски, претседател на Баланс МК, асоцијација за детски дијабетес во Македонија.
Од здруженијата обвинија дека последниве две години државата штеди на инсулинот кој им е потребен за да преживеат, а количините на инсулин се празнат веќе во првата недела од месецот.