Боки и Кичеец остануваат во притвор, Кривичен совет им ги одби жалбите

by fokus

Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец остануваат во притвор, бидејќи Кривичниот совет во Кривичниот суд им ги одби поднесените жалби.

Јовановски и Милевски беа уапсени во понеделникот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, како осомничени во истрагата „Рекет“.

-Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15.07.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост.

На 15.07.2019 год. постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против две лица кои беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од Кривичен суд.

Поврзани новости