Хаос во Милан: Заминуваат Бобан, Малдини и Пиоли

by fokus

Италијанскиот гигант Милан поминува низ тежок период, а дополнителен проблем е отказот на директорот Звонимир Бобан, а по негов чекор може да тргне и легендата на клубот, Паоло Малдини.

Бобан во интервју го критикуваше главниот и извршен директор на клубот, Иван Газиди а американските сопственици „пресудиле“ во корист на Газидис, а Бобан за критиките доби „црвен“ картон.

Очекувано е и Паоло Малдини да си замине од клубот, но дополнителен проблем е најавата дека и актуелниот тренер на тимот, Стефано Пиоли би можел да го напушти кормилото на клубот по само неколку месеци.

На нивно место би дошол Ралф Рагник, а според инталијанските медиуми тој веќе постигнал договор за тригодишна соработка со „црвено-црните“ од Милано.

Се шпекулира дека Пиоли би можел да си замине веќе по утрешниот меч со Јувентус во Купот на Италија, а со тоа се отвора врата за Рагник кој е творец на Сајцбург и РБ Лајпциг и познат е по откривање на големи фудбалски таленти.

Со целиот хасо, станува неизвесна судбината и на шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ кој дојде во Милан токму на инсистирање на Бобан и Малднини, а навивачите на клубот стравуваат и од заминување на голманот Донарума.

Поврзани новости