614
Бојан Јовановски, еден од обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“, во својот воведен збор, кој набрзо беше прекинат, поради влошената состојба на неговиот татко, Миле Јовановски, истакна дека е навреден од воведниот збор на обвинителката Вилма Русковска.
Обвинителката Русковска истакна дека случајот е врв на еден криминален девијантен ум, по што тој и возврати:
„Ова е девијантно алкохолизирано обвинение“, рече Боки 13.
Тој истакна дека долго размислувал дали да даде одбрана, бидејќи според неговото искуство во „Рекет“, одлуката се знае однапред.