По реакцијата на Бојан Јовановски и контра реакцијата на Кривичниот суд, околу барањето за прекин на издржувањето на затворската казна, Боки 13 повторно му реплицира на судот од каде што бара да достават докази дека судијата бил на боледување, бидејќи тој тврди дека токму во тие денови имал средби со неговиот адвокат.
-Барам доказ да приложи Кривичен суд сега и веднаш, дека судијата Огнен Ставрев во деновите 31 јануари, 1, 2, 3 февруари бил на боледување. Барам да се вратат камерите од Кривичниот суд, од кои со сигурност ќе се утврди дека судијата бил бил таму, на работа. Дотолку повеќе што и мојот адвокат Владимир Туфегџиќ во овој период се сретна со сега покојниот судија Ставрев во Кривичниот суд. Единствени кои го злоупотребуваат покојниот судија се тие, односно претседателот Иван Џолев. Бидејќи на тој начин, Кривичниот суд го донесе ова фалсификувано и антидатирано решение. Сите истанци каде е покрената постапка, ќе ја утврдат вистината.
Дека манипулатори се Кривичниот суд и претседателот Џолев, е покажано со нивната доверба и со тоа колку граѓаните му веруваат на судството, која е последица на манипулациите и изигрувањето на законите низ правните дупки. Единствено одлучуваат по нивни интереси и нарачки, па од тука е и ова фалсификувано решение.
Нервозната реакција на Кривичниот суд го докажува тоа – дека се работи за фалсификат и антидатирано решение.
Доволен доказ за тоа кој е манипулатор е 8 процентната односно -8 процентната доверба во судството, вели Јовановски.
Претходно од Кривичниот суд пак обвинија дека Јовановски манипулира