Кривичен суд: Јовановски манипулира и злоупотребува име на покоен судија!

by fokus

По обвинувањата на Бојан Јовановски, дека Кривичниот суд му врши тортура, и дека решението со кое му е одбиено барањето за прекин на издржувањето на казната е фалсификувано, од судот истакнуваат дека тој манипулира со јавноста.

-Во однос на денешните неосновани обвинувања на осудениот Бојан Јовановски, кои без никаква проверка беа објавени во медиумите, ја информираме јавноста дека:

Се работи за манипулирање со јавноста, со Законот за кривична постапка и со Уставно загарантираните права и слободи на осудениот, а на штета на судот и покојниот судија Огнен Ставрев.

Најпрво, се работи за НЕ правосилно решение на кое странките веќе поднеле жалба по која треба да одлучува Кривичниот совет. Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислења. Но, со оглед да, заради здравствени причини судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во одделот, судија – Бранка Наумоска, користејќи ја претходно усогласената судска пракса и Правното мислење на Врховниот суд на РСМ:

http://www.vsrm.mk/wps/wcm/connect/vsrm/034f6f12-7de1-4a8d-8175-6baa22fda623/%D0%92%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE+%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5+%D0%BD%D0%B0+%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0+%D0%BE%D0%B4+%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B5%D1%9A%D0%B5+%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0+%D1%84%D1%83%D0%BD%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L0B520APQFKICD0CU3-034f6f12-7de1-4a8d-8175-6baa22fda623-lpadyMd

а ЗАРАДИ ИТНОСТА НА ПОСТАПКАТА И ПРЕД СЕ ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА, се наведува во реакцијата на Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека Јовановски до медиумите требало да ја испрати целокупната медицинска документација.

-Во однос на дополнително доставените мислења од страна на правниот тим на Јовановски, согласно Судскиот деловник, истите мора да бидат примени во судот и покрај тоа што се доставени по донесување на рашението се со цел да бидат разгледани од Кривичниот совет при одлучување по жалбата, а единствено во корист на подносителот на жалбата односно осудениот Јовановски.

Заради целосно запознавање со случајот, правниот тим на Јовановски, потребно е до медиумите да ја достави целокупната медицинска документација вклучувајќи го и мислењето на Лекарскиот колегиум составен од повеќе професори од ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, изготвено на 23.01.2023 г. по барање на судот, а во кое е наведено дека „општата здравствена состојба на осуденото лице НЕ е компромитирана со оглед на неговите претходни зафати и е потребно нејзино понатамошно следење “, како и мислењето на надлежниот Јавен обвинител кој смета дека врз основа на приложената документација, барањето за прекин треба да биде ОДБИЕНО.

Јавноста воедно треба да биде запознаена дека осуденито Јовановски во изминатите 6 месеци, со дозвола на судот, неколку пати бил хоспитализиран и му се дозволени сите, неопходни прегледи поврзани со неговата здравствена состојба. Истиот за целиот овој период почнувајќи од 25. 07. 2022 година, со неколку прекини, па  до денес е времено згрижен во соодветна клиника.

Заради сето тоа судот апелира да не се манипулира со јавноста на „МОРБИДЕН И МОНСТРУОЗЕН“  начин, како што квалификува Јовановски, особено што се злоупотребува и името на покоен судија, велат од Судот.

Поврзани новости