Бојана Скендеровски стои зад патриотскиот проект „Македонијо, во срце те носиме”

by fokus

Пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски заедно со нејзината семејна Продукција Скендеровски стои зад патриотскиот проект кој го привлече вниманието на јавноста.

Станува збор за обработка на 12 патриотски песни во ново руво, кои ќе бидат испеани од популарни музичари, најавен е и музички караван низ земјава, со цел да се пренесе пораката дека Македонија има свое минато, а и да заживеат патриотските песни помеѓу помладите генерации.

За сите песни ќе бил изработен видео запис, а на есен ќе се одржеле осум концерти низ земјава.

Првата промовирана песна со спот од проектот ќе биде ,,Оган да го гори” која ќе ја изведе Ламбе Алабаковски. Покрај него, дел од ,,Македонијо, во срце те носиме” ќе бидат и Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Александар Тарабунов, Мина Блажев и други.

Инаку, Бојана и нејзиниот сопруг Васко, своевремено познат во јавноста како селектор на македонската футсал репрезентација, долг период успешно раководат со нивната Продукција Скендеровски.

Периодов таа сними повеќе родољубиви песни, а неретко јавно ја критикува актуелната политичка состојба во земјава.

Вики Клинчарова

Поврзани новости